среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Груевски го разочара и вознемири и Пешевски: Најостро го осудувам овој чин

Груевски го разочара и вознемири и Пешевски: Најостро го осудувам овој чин

Владимир Пешевски, поранешниот вицепремиер за економски прашања во изјава за ТВ 21 вели дека е разочаран и вознемирен од бегството на Никола Груевски, тој додава дека овој чин е за најостра осуда.

-Длабоко сум разочаран и вознемирен од овој чин кој е за најостра осуда и од кој што целосно се оградувам. Ова сериозно ги подрива сите напори и иницијативи што во моментот се водат во насока на национално помирување на повеќе нивоа. Кон сите што учествуваме во овие процеси, апелирам да продолжиме со она што и е навистина потребно на нацијата. Иако е тоа тешко, апелирам гневот од овој чин да не се насочува кон другите луѓе кои што се опфатени во други судски предмети и истраги. Верувам дека правдата на крај сепак ќе го стигне секого, изјави Владими Пешевски за ТВ 21.

Инаку за потсетување, Владимир Пешевски е обвинет во случајот „Траекторија“ на СЈО.

Коронавирус