вторник, 27. септември 2022. Вести денес: 91
home Вести

Груевски е обвинет бидејќи се возел неколку пати во Мерцедесот

Груевски е обвинет бидејќи се возел неколку пати во Мерцедесот

Судството во Македонија го допира дното. Судиите под партиско-политички притисок од владејачката СДСМ се принудени да си го газат сопственото достоинство, сопствениот интегритет, знаење и искуство во својата бранша.

Судскиот систем е целосно заробен од страна на владејачката партија, се покренуваат обвиненија и се носат пресуди нарачани од партиски штаб, нешто што потсетува на тоталитарните режими. Така се ослободија огромен број криминалци на кои претходно СДСМ им дал ветување, меѓу кои последните се командат Чакала и правосилно осудените во предметот Монструм, со убиството на 5-те недолжни лица на Смилковското езеро.

ДУИ и лани во април и сега објави дека нивното ослободување е дел од Тиранската платформа, што значи политички договор во кој судството испорачува што ќе му се каже.

Во случајот „Тенк“ поранешниот премиер и претседател на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски е обвинет дека добил „награда“.

На СЈО му е јасно дека во овој случај не постои можност за покренување никакво обвинение, ниту против Груевски, ниту против останатите, па заради потребите на политичкиот маркетинг на владејачката партија се покрена целиот случај.

За што всушност е обвинет Груевски?

Според СЈО Никола Груевски е виновен дека наводно ги поттикнал останатите осомничени да извршат набавка на блиндиран автомобил, што е нормално да го поседува секоја држава, и тоа не еден туку повеќе, и со тоа поранешниот премиер на Република Македонија се стекнал со „награда“.

„Наградата“ за Груевски била неколку качувања годишно во „Мерцедесот“, за тоа треба да се произнесе СЈО и Судот.

Откако СДСМ е дојден на власт, тие многу често се возат во истиот автомобил, но тоа не претставува сега никаков проблем.

Блиндираниот автомобил беше набавен за превоз на високи гости од странство и со план тогашниот премиер чие блиндирано возило беше старо околу 20 години, да го користи новото во ситуации кога неговото е на сервис и поправка и кога патува надвор од Скопје, заради честите дефекти со старото блиндирано возило на подолги релации.

Блиндираните возила од ваков тип се над 4 пати потешки од неблиндираните (тежат над 4 тона) и заради тоа побрзо се амортизираат, така што 20 години старо блиндирано возило е како неблиндирано старо 30-35 години.

Дополнително, заштитата на ВИП лицето со ново набавеното возило е од највисок т.н.7ми степен на непробојност од секакви пукања вклучувајки и непробојност ако под него се постави најсилна мина или динамит.

Во него, по доаѓањето на СДСМ на власт, покрај власта се превезуваа генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Комесарот на ЕК Јоханес Хан, комесарот за надворшна политика Федерика Могерини и сите други високи гости.

Кога требаше за нив тогаш ова возило беше добро, исто и кога го користеа владини претставници на СДСМ. Но, само што ќе си заминеа со цел одвлекување на вниманието на јавноста од смената на името, штетниот договор со Бугарија, двојзичноста и многу други проблеми и непринципиелни отстапки, медиумите блиски до СДСМ/Сорос повторно ја отвораа темата дека овој автомобил не требало да се набави и бил луксузирање, водејќи класична валкана негативна кампања за домашна употреба во која и самите интимно не веруваат, бидејќи не постои држава во светот која нема најмалку 10 вакви возила, несметајќи ги оние стари по 20 години.

Во Германија на пример, постои пракса во државата веднаш одкако овие возила ќе поминат одредена километража, на пример над 100 илјади километри, што е реално за околу 2 до 3 години, владата ги продава, бидејќи се смета дека веќе безбедноста со нив не е до толку висока како кога се нови и со помала помината километража.

Нашите премиер, претседател на Собрание и претседател на држава и покрај огромните потенцијални ризици во овој историски турбулентен регион, се превезуваа во вакви возила, но стари околу 20 години и максимално амортизирани и со сериозно намалена безбедност. Инаку пракса во светот е вакви личности да се превезуваат исклучиво во вакви заштитени возила.

Изјавите на Заев дела тој се вози во ист Мерцедес како оној набавен во 2012 година, само неблиндиран е гол популизам и лицемерие.

Сепак, да не беше трагична ситуацијата во која се наоѓа државата и судскиот систем, најверојатно ова ќе беше една од најсмешните постапки запишана во светските анали на судството откако тоа постои.

Во случајот „Траекторија“ кој се однесува на изградбата на автопатот Кичево – Охрид повторно обвинението е повеќе од смешно.

И во овој случај Никола Груевски се терети за стекната „награда“, а според СЈО „наградата“, ни помалку, ни повеќе, била добивка на политички поени и повисок рејтинг на Груевски со изградбата на автопатот кој е наменет за граѓаните на оваа држава.

Овие обвиненија го отсликуваат денешното општество, СДСМ брутално ги притиска и уценува судиите, па дури и своите, кои ги донесе од декември минатата гоина, селектирани како најлојални на партијата од сите судски одели.

Сето ова со цел да се нанесе репутациска, политичка и правна штета на политичкиот противник и паралелно заробувајќи ја правната држава со цел јавноста да не се интересира за преговорите кои Владата ги води со Грција за промена на државното име „Република Македонија“, туку јавноста се насочува да се занимава со ваквите „награди“ кои ги добил Груевски.

Патем, обвинението во случајот „Траекторија“ одлично прикажува како размислува партијата на власт, според нив изградба на автопат е „награда“ за повисок рејтинг, а не потреба на државата и на граѓаните.

Коронавирус