недела, 16. мај 2021. Вести денес: 88
home Вести

Груевски: Чекаа да помине една година и во перцепцијата на народот да се всади дека во поголем дел СДСМ го изградил новиот автопат, а немаат изградено ни метар

Груевски: Чекаа да помине една година и во перцепцијата на народот да се всади дека во поголем дел СДСМ го изградил новиот автопат, а немаат изградено ни метар

Една година новиот автопат го држеа завршен, неотворен со лажно објаснување дека не е завршен, а всушност од градежните работи не беше завршено само преместувањето на еден далновод и контролната соба. Нешто за што требаат најмногу три месеци, поточно на крајот на август 2017-та делницата Демир Капија- Смоквица на тогаш автопатот именуван како „Александар Македонски“ да се пушти во употреба. Реалната причина всушност беше да помине една година и во перцепцијата на народот да се всади дека во поголем дел СДСМ го изградил овој автопат. А, всушност нема изградено ниту еден метар од автопатот во време на нивното владеење, напиша почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

-И бидејќи дојдоа на власт незаинтересирани за работа, криминогени, мрзливи и нестручни луѓе на власт, целосно ги заборавија и формалните процедури заради кои ниту еден автопат во Европа не би можел да биде пуштен во употреба, вели Груевски и ги образложува причините:

1. Нема технички персонал што ќе го менаџира тунелот. За ваков тунел треба посебен режим (машински инженер, контролор на воздух, сообраќаен инженер , болничка кола 24/7, противпожарна екипа) вкупно околу 40 луѓе.
Огласот отворен во време на ВМРО, го поништија вработија несоодветен кадар кој не може да се обучи.
2. Нема сертификат за безбедност од ТУВ-германското сертификационо тело кое треба да потврди дали се исполнети потребните стандарди.
3. Нема агрегат како бекап варијанта. Ова значи дека ако нема струја нема да се вози по тунелот. Барем не во нормална земја.
Целата работа сега е сведена не дај боже нешто да не се случи. И Европската унија која донираше 40 милиони евра со оваа изгубеност и целосна незаинтересираност на новата власт е донесена во непријатност да по една година непотребен застој, овој дел од овој важен автопат се стави во функција без да има безбедносни сертификати.

Цела година не успееја да вработат соодветни луѓе и да завршат основни работи.

Замислете да требаше да градат…

Најнови вести

Коронавирус