недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Груевска-Маџоска: Голема реформа во основното образование не се прави без консултација на научната фела

Груевска-Маџоска: Голема реформа во основното образование не се прави без консултација на научната фела

Професорката Симона Груевска – Маџоска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во интервју за весникот „Скопско ехо“ говори за најавените промените во основното образование, но и за бугарското оспорување на македонскиот идентитет.

-Прво, ваква голема реформа во основното образование не се прави без консултација на научната фела и тоа институционално, не преку лични контати или по партиска линија. Второ, процесот беше целосно нетраспарентрен, поточно случајно разбравме. Ова не потсетува на периодот кога се носеше Законот за високо образование наисто таков начин, поради што се формираше Студенсткиот пленум, па потоа и Професорскиот пленум како поддршка за студентите. Мислев дека ќе се престане со таа практика на нетранспарентност и работа со одбрани политички подобни експерти, но сум се излажала. Трето, историјата е хуманистичка наука, а не општествена. Четврто, нема соодветен наставен кадар кој би можел да држи таков предмет (истото важи и за предметот Природни науки). И петто, невозможно е да биде успешна реформата за толку кратко време – да се напишат нови учебници и да се оспособи наставен кадар за да почне од наредната учебна година, вели Груевска – Маџоска.

Во однос на бугарското вето и дали македонските владини претставици доволно го штитат македонскиот идентитет, Груевска-Маџоска вели дека ниту една комисија и ниту една власт нема мандат да преговара за идентитеските прашања.

-Македонскиот јазик и идентитет се нешто за што не смее да има никакви преговори, ниту се услов за членство во ЕУ. Еве видовме како реагираат држави на такви нешта. Мислам на Чешка и Словачка. За такво нецивилизирано и насилничко однесување треба да има најостра осуда. Нема да споменувам европски вредности, туку ќе кажам дека се тоа цивилизациски вредности од кои нема отстапување. Според тоа, ако Република Бугарија не попушта во своите барања сметам дека треба да се замрзат преговорите. И така на сите ни е јасно дека следните 20 години нема да влеземе во ЕУ, велимеѓу другото професорката во интервјуто за весникот,

Коронавирус