четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 130
home Вести

Груби: Спорот со името веќе е решен, останува да се договорат само деталите

Груби: Спорот со името веќе е решен, останува да се договорат само деталите

Пратеникот Артан Груби од ДУИ е дел од македонската парламентарна делегација која неделава е во официјална посета на Вашингтон, и која вчера присуствуваше на Националниот молитвен појадок  организиран од претседателот на САД.

Според него, спорот со името е веќе решен. Во наредните недели треба само да се договорат деталите, за договорот со Грција да биде достоинствено и компромисно решение за двете страни.

– Со Грција започнавме да разговараме со јазик на пријатели, а не преку нишанот на историјата и градбите како досега. Имаме мерки за градење на доверба, веќе ги преименувавме автопатот и аеродромот. Идентитетот, културата, името и државата ќе ги заштитиме само ако бидеме дел од големото европско семејство, истакна Груби.

Коронавирус