петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 122
home Вести

Груби: „Рамковните“ не може да добијат „отказ“ ако одбијат да работат (ВИДЕО)

Груби: „Рамковните“ не може да добијат „отказ“ ако одбијат да работат (ВИДЕО)

И покрај тоа што 1.350 „рамковни“ со години земаат државна плата, а седат дома, не може да им бидат прекинати договорите дури и ако одбијат да работат во некоја од институциите, вели вицепремиерот Артан Груби.

„Нема законска можност за тоа да се реализира, за жал. Во некои од институциите самите вработени не сакаат да одат, во некои други случаи, институциите не ги прифаќаат затоа што би преферирале нови вработувања. Затоа и најавив усвојување можеби на посебен, специјален закон, само за оваа категорија, со кој би било обврзувачки, и институцијата и вработениот да го прифатат распределувањето“ – вели Груби.

Пред напуштањето на функцијата, тогашниот министер за администрација Дамјан Манчевски рече дека за 3 месеци ќе се најде решение за овие луѓе, а ако тие не сакаат конечно да тргнат на работа, ќе им бидат прекинати договорите, потсетува ТВ Алфа.

Сега Груби вели дека е неблагодарно да се даваат рокови до кога треба тие да бидат работно ангажирани, а тоа што седат дома – не е по нивна вина.

Коронавирус