петок, 3. април 2020. Вести денес: 6
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Груби: Проблематична e законитоста на одлуката на Јавното обвинителство за преземање предмети од СЈО

Груби: Проблематична e законитоста на одлуката на Јавното обвинителство за преземање предмети од СЈО

Владејачката партија ДУИ смета дека законитоста на одлуката на Републичкото Јавно обивинителство за преземање на предметите од Специјалното Јавно обвинителство е под знак прашалник.

-Законитоста на една одлука донесена во услови кога поднесителот е во притвор, со однапред поднесена оставка и веќе започната постапка за разрешување во Собрание е под голем знак прашалник и ги споделувам резервите на дел од политичките партии кои што не се дел од преговорите, фелата и јавноста, но секој си сноси одговорност за своите постапки, било тоа да се политичари, обвинители, судии. Мора да постои правна извесност и одлуки кои што се законски, општоприфатливи и влеваат доверба кај граѓаните. СЈО веќе е бсепредметно, смета пратеникот од ДУИ, Артан Груби.

Во меѓувреме, обвинителот Јовески во изјава за „360 Степени” потврди дека во државното Јавно обвинителство, преку судија на претходна постапка, вчера пристигнало уште едно писмо од Катица Јанева со кое таа лично дава писмена согласност за редовното обвинителство да може да гони по предметите на СЈО. Со тоа, според него, расчистени се процедуралните дилеми во врска со предавањето и преземањето на случаите на специјалното обвинителство што се појавија во СЈО и во ЈОРСМ по првите дописи на Јанева, со кои ги овласти обвинителите-помошници да ги предадат случаите.

Коронавирус