сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 80
home Вести

Груби најави правична застапеност, Заев одобри, Касами го надгради проектот

Груби најави правична застапеност, Заев одобри, Касами го надгради проектот

Бурни рекции во јавноста откако првиот вецепремиер Артан Груби најави државни субвенции за вработување во приватни компании по етнички клуч. Груби најави субвенции за приватните компании кои ќе помогнат во еднаквата етничка застапеност при вработувањата, бидејќи приватниот сектор заостанува во овој аспект. Концептот на првична застапеност во приватните компании премиерот Заев го одобри, пратеникот Билал Касами од Беса го надгради со двојазичност во приватните компаниите, министерот за економијa, Крешник Бектеши  вчера уште еднаш го  потврди.

„Зборуваме не само за Албанците, туку и за другите заедници. Ако го прочитавте експозето и владината програма се истакнува праведна и соодветна застапеност во приватниот сектор. Ние планираме субвенции, да ги субвенционираме плаќајќи им го данокот за тие вработувања на приватните компании за да ја зголемиме застапеноста на Албанците и другите заедници“, рече вицепремиерот Груби.

По реакциите и дебатата што се отвори во јавноста премиерот Заев вчера на прес- конференција го потврди Груби и рече дека субвенции за вработување ќе има, но се обиде и да релативизира дека субвенциите ќе има не се само за Албанците, туку и за останатите етнички заедници.

„Субвенции ќе има и за Македонците, и за Албанците, и за Турците, и за Србите, и за Власите… за сите во нашата земја и тие ќе бидат организирани за сите граѓани…Точно во нашата Влада има програма каде е прецизирано дека ќе го поттикне и ќе соработува со бизнис секторот за да се поддржат добрите меѓуетнички односи и меѓусебната доверба“, изјави Заев.

Додека Касами го надгради концептот на првична застапеност на етничките заедници  во приватните компании велејчи дека потребно е компаниите да спроведат двојазичност за да создадат еднакви услови при вработување.

„Дел од дипломираните Албанци не говорат македонски јазик, затоа приватните компании треба да спроведат двојазичност за да создадат еднакви услови при вработувањето на сите граѓани, нагласи Касами во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

На вчерашната прес-конференција министерот за економија, Крешник Бектеши не одговори директно на предлогот на Касами кој на ТВ 21 порача дека и приватните компании треба да спроведат двојазичноста, бидејќи дел од дипломираните Албанци не го говореле македонскиот. Но, им порача него и на политичарите од власта пред да коментираат да ја прочитаат владината програма. Го повтори ставот дека вработувања по етнички клуч со државни пари ќе има и во приватниот сектор, најверојатно од наредната година.

Наспроти ваквите изјави во владината програма 2020-2024 не се спомнува конкретно субвенционирање на приватни компании со цел еднаква етничка застапеност, но во делот Еднакво општество за сите се вели:

“Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е. домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја“.

По изјавите на премиерот Заев и првиот вицепремиер Груби, реагираше и бизнис секторот и стопанствениците, кои сметаат дека за бизнисот е важно да се решат економските проблеми, а не да се форсираат мерки по етничка основа. Претставниците на бизнис секторот сметаат дека субвенции од Владата за вработување Албанци и други малцинства во приватни фирми е дискриминирачка и исто така сметаат дека на бизнисот му е потребен квалитет и професионалност, а не етнички клуч. Концептот на првична застапеност во компаниите е сериозна закана по пазарната економија и стопанството кои се соочуваат со и онака големи проблеми, сметаат експертите и бизнис секторот.

 

Коронавирус