понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 163
home Вести

Груби: На овој начин го надминавме проблемот со минимизирањето и маргинализирањето на албанскиот глас

Груби: На овој начин го надминавме проблемот со минимизирањето и маргинализирањето на албанскиот глас

На овој начин го надминавме проблемот со минимизирањето и маргинализирањето на албанскиот глас и го факторизиравме секој албански гласач преку принципот на консензуалност, бидејќи за ништо во оваа држава не може да се одлучува со надгласување и со мајоризирање.

Особено преку помирување меѓу македонската и албанската заедница и посебно меѓу двете партии кои го носат легитимитетот кај соодветните граѓани. Оваа идеја во 2014 година се претвори во концепт. Дали триумфираше? Не. Затоа што во 2014 само го посадивме семето за да жнееме денес. Во 2014 година, немаше спремност ниту кај ВМРО ниту кај СДСМ за идејата која ни се претвори во концепт, која денес веќе се претвори во проект. Овој концепт на Албанците, ако се сеќавате, во 2014 година, 92 проценти од албанските гласачи ја поздравија идејата на господинот Ахмети за консензуалност, за консензуален претседател.

Мал беше бројот на Албанци кои излегоа да гласаат. Кандидат го имаа Илјаз Халими на ДПА, кој одвај успеа да освои 10.000. Албанците на плебисцитен начин се определија поздравувајќи ги идејата и концептот на господинот Али Ахмети, кој денес веќе во 2019 година гледаме дека се претворил во проект кој се реализира. И заслугите за реализирање на овој проект ви пришаѓаат токму вам, затоа што поверувавте во 2014 година за да дојдеме до реализација на проектот во 2019 година. Проект кој ни донесе министеер за Одбрана, ни донесе министер за Внатрешни работи, ни донесе Државен правобранител, ни донесе Народен правобранител, ни донесе Претседател на Собранието. Зошто утре да не ни донесе минирет за Надворешни работи, зошто да не ни донесе Премиер, Претседател на државата, државен Гуверенр.

И ова посадено семе, како што би го насадил и Абдул Фрашери 1878 во Призрен, се посади од господинот Ахмети на конгресот на партијата кога побара една од 13-те клучни позиции во оваа држава. И не земавме само една. Само до сега имаме земено шест. Ќе ги земеме и другите. Затоа што овие политики, овие идеи, овие кнцепти кои се претвораат во идеи се визионерски, плодоносни и се реални.

Најнови вести

Коронавирус