среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Вести

Груби: Ќе славиме каде што сакаме

Груби: Ќе славиме каде што сакаме

МНТ е граден е со наши пари, со парите на граѓаните, а не со парите на ВМРО, ниту на фелата, и им припаѓа на граганите, вели за „Фокус“, Артан Груби, после дивеењето на навивачката група „шверцери“ во МНТ.

-Театарот му припаѓа на народот, не е вмровски, сдсмовски, па ниту ни на фелата, граден е со наши пари, со парите на граѓаните, а не со парите на ВМРО, ниту на фелата, и им припаѓа на граѓаните. 20-годишнината беше одбележена во албанскиот театар пред 10 години со прикажување на документарец, исто како и 30-годишнината во МНТ каде што присуствуваа фудбалски ветерани, тренери, Албанци, Македонци и други, на кои им беа доделени благодарници од страна на организаторите, спонзори, градоначалници… Секоја чест за професионалноста на вработените во театарот каде што се одржуваат безброј различни настани – вели Груби.

 

Коронавирус