понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 60
home Вести

Груби: Јас ја платив казната на Ахмети од 20 евра за неносење маска

Груби: Јас ја платив казната на Ахмети од 20 евра за неносење маска

Вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби во вчерашното гостување на ТВ21 рече функционерите на ДУИ заслужиле да бидат казнети за неносење маски на роденденската забава на лидерот на партијата, Али Ахмети која се одржа во објектот на неговото Министерство.

Сепак, рече дека тој ја платил казната за Ахмети.

-Јас ја платив казната од Али Ахмети, другите сите сами си платија, рече Груби.

Груби освен казна за неносење маска заработи и санкција од државниот инспекторат за труд од 500 евра откако инспекторите направија увид. Рече дека и таа казна ја платил од неговата плата.

Најнови вести

Коронавирус