вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Груби-Брнс: Спроведување на реформите, со акцент на сегментот правда

Груби-Брнс: Спроведување на реформите, со акцент на сегментот правда

Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија во спроведувањето на неопходните и многу важни реформи насочени кон владеењето на правото и функционирањето на институциите на непристрасен и независен начин, изјавила американската амбасадорка Кејт Мари Брнс на денешната средба со првиот вицепремиер Артан Груби.

Брнс, како што соопштија од кабинетот на Груби, исто така кажала дека Северна Македонија треба да го одржи единството за да ја искористи можноста за членство во Европската унија.

Брнс му пренела на Груби дека САД се подготвени да ги продлабочат билатералните односи меѓу двете земји и зајакнување на понатамошното зголемување на директните инвестиции од САД и соработката во областа на дигиталната економија во согласност со сигурносните стандарди на НАТО.

Груби, пак, истакнал дека Владата останува посветена на спроведувањето на реформите, со посебен акцент на сегментот правда, а ја истакнал важноста на мрежата 5Г и стратешката соработка со САД во овој процес и кажал дека тоа ќе биде приоритет на Владата.

Коронавирус