понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 176
home Вести

Грозданов: Стефан Богоев е вмешан во две тешки афери за кои би требало да одговара пред законот

Грозданов: Стефан Богоев е вмешан во две тешки афери за кои би требало да одговара пред законот

„Кога станува збор за моменталниот градоначалник на Општина Карпош има две афери. Едната афера е со Боки 13 каде што Боки 13 има кривична пријава кон моменталниот градоначалник. Каде што има јасна индиција дека Стефан Богоев учествува во организиран криминал со давање на меморандум за соработка со Меѓународен сојуз. Кој што Меѓународен сојуз потпишува договор со фирмата на Ардијан Амзонски, кој што е управител на фирмата. Се потпишува договор дека државно земјиште со катастарска парцела да кажеме или 1222, не е важна парцелата која што е државно земјиште дека ќе му ја даде односно дозволи за изградба на старски дом итн.“, посочи синоќа Виктор Грозданов при своето гостување во „Заспиј ако можеш“.

Грозданов додаде дека во Општината не постои дека ќе има старски дом, а второ за државно земјиште не може никако да се гарантира по ниеден основ.

„Втората афера која што многу ме зачуди и каде што јас како викаат што се занимава со вакви работи ќе почне во прашална форма да поставува тези се многу опасни. Дали е вистина дека неговите пријатели, роднини се упатувале кон фирми кои што соработуваат со општината Карпош, на кои што општината Карпош им должи пари за оние кои што им веруваат исплаќале средства во висина од негде до 10% од вкупниот долг? А, втора варијанта е на тие што не им веруваат тие мора прво да го платат арачот кон инкасаторот па после овие да исплатат средства од општината“, појаснува Грозданов.

Грозданов посочи дека само прашање е дали полицијата е вмешана и им го дала името инкасатори.

Коронавирус