понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 171
home Вести

Грозданов: Рекетот по затворање на „1ТВ“ продолжи во нови форми

Грозданов: Рекетот по затворање на „1ТВ“ продолжи во нови форми

„Кај колегата на госпоѓа Атовска прави емисија на Зоран Заев на 4-ти април 2019 година. А, Зоран Заев се качува кај Боки – 13 и му вика дека рекламите од Пелистерка се рамни на рекет. Значи не е на 20-ти пријавен, туку му соопштува на 4-ти април“, посочи синоќа Виктор Грозданов при своето гостување во „Заспиј ако можеш“.

Грозданов додаде дека кај што има индиции таму има и облаци, дожд и грмотевици.

-Рекетирањето со затворање на телевизија 1 не запре, таа продолжува, но во само нови форми. Може да ми објасните вие како новинар што е Утрински Брифинг? Тој медиумски проект како да ви објаснам, тој проект го нарушува пазарот. Како дојде до клинч помеѓу луѓе кои што работеа на пазарот и луѓе кои што беа помагани од СОРОС? Ова иде сам да го купи предавателот, а на овој му го подарува и од тоа настанува клинч. Го руши балансот на пазарот“, рече Грозданов.

Коронавирус