вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 102
home Вести

Грозданов: Хаосот во институциите го пренесоа во стопанството, испадна дека помошта од владата е скриен кредит којшто треба фирмите да го враќаат

Грозданов: Хаосот во институциите го пренесоа во стопанството, испадна дека помошта од владата е скриен кредит којшто треба фирмите да го враќаат

Благоја Грозданов од Комората на сметководители, вечерва на Телевизија 24, ја критикуваше владата и институциите за критериуите за аплицирање за економските мерки, за кои вели дека направиле невиден хаос во стопанството, како и тоа дека фирмите препознале дека помошта била скриен кредит коишто треба да го враќаат.

– Направија хаос во главите на луѓето, хаос во кој функционираат државните институции мислам дека го пренесоа во стопанството, требаше да направат целосно решенија едноставни системи, но тоа не се случи и останавме со хаотична ситуација тоа што многу фирми не се решија да аплицираат се должи на тоа дека не се добија лесно сварливи информации за тоа како течат постапките и процедурите, не се презентираше во јавноста дека помошта е искрена и вистинска, затоа што помошта е скриен кредит и од почеток беше скриен кредит и тоа фирмите го препознаа, вели Грозданов.

Тој објасни дека на крај испаднало дека тоа се пари кои оние коишто не се ликвидни, кои не можат да инвестираат понатаму, а сепак завршиле некако со добивка, сепак ќе треба да ги враќаат парите, а оние коишто се финансиски моќни, ликвидните копмпании, кои можат да инвестираат понатаму, нема да ги вратат тие пари, бидејќи во последната уредба имаме таква одредба, тоа е погрешен сигнал и тоа е неискреност, рече Грозданов.

-За кредитите од Развојна банка имавме голем број на поплаки, дел од документите по нашата реакција беше овозможено да се добијат електронски, во комбинацијата на мерките се направија голем број на компликации, однос на пресметката за тоа кој се квалификува за мерките, од толку пати што ги сменија мерките и самите не знаат за кои дејности и по кои уредби треба да се споредува приходот од месец април, со ланскиот месец април, за кои приходот од март со ланскиот просек, нагласи Грозданов.

Тој истакна дека се кренало толку фама, а се направија толку рестриктивни критериуми за аплицирање за тие кредити што немало ни време точно да се пресмета дали навистина фирмата ги исполнуваат.

Коронавирус