петок, 17. септември 2021. Вести денес: 35
home Вести

Грозданов: Дилетантите од СДСМ ги доведуваат граѓаните во ситуација да не можат да се информираат!

Грозданов: Дилетантите од СДСМ ги доведуваат граѓаните во ситуација да не можат да се информираат!

Оваа монструзона приказна со законот за медиумски услуги ја истуркаа луѓето од СДСМ, а толку не ја знаат оваа работа што не треба да им дозволиме да креираат веќе ваква, но и друга политика. Дилетантите од СДСМ ги доведуваат граѓаните да не можат да се информираат, да нема телевизии. Тоа го направија со законските измени, рече Виктор Грозданов, експерт за медиумската област на гостувањето на телевизија Алфа.

Според него законот е донесен на шверцерски начин, а треба да се бранат кабелските оператори.

-Зошто треба да ги браниме кабелските оператори? Ако пуштат канал од каде ќе знаат дали тој има пиратски материјали или се откупени авторските права. Тие само пренесуваат сигнал. Сега треба телевизиите да побараат да прекине да важи законот додека не се формира ново Собрание, зошто е распуштено и сме пред избори, рече Грозданов.

Според него треба да се стави ред, но не на начинот на кој тоа СДСМ го прави.

-На пример. На спортските канали Спорт клуб и Арена ќе мора да коментираат на македонски јазик. Кога ќе мора да коментираат на македонски јазик ќе значи дека треба да направат тука фирма, да вработат луѓе, па ќе го видиме каков е видео сигналот, а јас тврдам дека е различен со земјите од регионот. Кога ќе го направат ова ќе бидат под македонскиот закон. Тогаш ќе треба да се сменат законските норми за може некоја телевизија да имаат и подканали или диполнителен програмски сервис. На пример Алфа да може да направи бизнис и да отвори канали за филм само, потоа детски и слично. Тоа ќе даде нови начини на заработување, посочи Грозданов.

Коронавирус