недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 16
home Вести

ГРОМ го отфрла повикот да се гласа „ЗА“ на референдумот од страна на косовскиот претседател Хашим Тачи

ГРОМ го отфрла повикот да се гласа „ЗА“ на референдумот од страна на косовскиот претседател Хашим Тачи

Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ, со индигнација го отфрла вчерашниот повик да излеземе на референдумот и да гласаме „ЗА“ од страна на косовскиот претседател Хашим Тачи.

Сметаме дека е врв на политичкиот дилентатизам на оваа власт и цинизам од највисок степен, према македонскиот народ да се повика претседателот на нашиот северен сосед кој не си ги решил проблемите во неговата држава, а доаѓа да ни соли памет на нас во Македонија. Кога господинот, Хашим Тачи ќе ја спроведе резулуцијата 12/44 на Обединетите Нации и кога ќе го имплементира Бриселскиот договор, веројатно ќе има повеќе морален кредибилитет да ни дава сугестии на нас како соседи.

Оттаму, ГРОМ го советува господинот Хашим Тачи прво да дозволи формирање заедница на српски општини на Косово, да потпише договор со претседателот на Република Србија, Вучиќ, и врз основа на такво стекнато искуство да бере грижа за Република Македонија.

До тогаш неговите сугестии, колку и да се добронамерни, ГРОМ ќе ги смета за совети дадени од некомпетентна личност.

Коронавирус