понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

ГРОМ бара АВМУ да реагира: Неодговорно, навивачки и крајно некултурно интервју, Лупевска се самопрогласи за СДСМ-овски мегафон

ГРОМ бара АВМУ да реагира: Неодговорно, навивачки и крајно некултурно интервју, Лупевска се самопрогласи за СДСМ-овски мегафон

Од партијата ГРОМ велат дека арогантно, безобразно и насилничко владеење на СДСМ вчера можело да се види во целост преку интервјуто на новинарката Снежана Лупевска со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

-Со своето арогантно и некултурно однесување, на моменти под нивото на маалска кавгаџика, госпоѓата Снежана Лупевска дефинитивно се самопрогласи за СДСМ-овски мегафон, велат од ГРОМ.

Од таму велат дека во очај и во немоќ да ги добие одговорите и да ги постигне поентите на нејзините налогодавачи од Илинденска Б.Б. на моменти прибегнуваше кон крајно невоспитано и вулгарно навредување на Мицкоски.

-Секогаш кога ќе се споменеше премиерот Зоран Заев, таа го прекинуваше соговорникот, иронизираше или ја менуваше темата, се со цел да не се упати некоја критика на нејзиниот нарачател.

ГРОМ бара Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да реагира и да го санкционира ваквото според нив неодговорно, навивачки и крајно некултурно интервју од страна на новинарката Лушевска, кое според нив не е во духот на објективното и независно информирање и спротивно на етичкиот новинарски кодекс.

Коронавирус