среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 159
home Вести

Грипот однесе уште пет животи, досега 28 починати

Грипот однесе уште пет животи, досега 28 починати

Пет смртни случаи од грип се пријавени во изминатата недела, а две лица имале претходна хронична болест.

Смртните случаи се регистрирани во Скопје, Делчево, Крива Паланка, Охрид и Тетово – стои во последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Возраста на починатите е од 39-75 години. Кај три лица од починатите е изолиран вирусот на грип, а кај еден несубтипизиран тип а. Со ова регистрирани се вкупно 28 смртни случаи асоцирани со грип во сезоната 2018/19, а лицата биле на возраст од 5 до 86 години, што е најмногу досега по 2009 година кога се појави Свинскиот грип.

Најголем број од починатите лица се жители на подрачјето на Скопје 13 лица, 4 лица се од Охрид, по 2 од Кичево, Кавадарци, Делчево и Тетово, и по еден смртен случај е пријавен во Ресен, Крива Паланка и Валандово.

Најнови вести

Коронавирус