сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 95
home Вести

Грипот ја зема 23-тата жртва: Почина маж од Кавадарци

Грипот ја зема 23-тата жртва: Почина маж од Кавадарци

Уште едно лице починало од грип, овојпат од Кавадарци, со што бројот на жртви од ова вирусно заразно заболување сезонава се зголеми на 23.

Најголем број заболени се пријавени од Скопје, вкупно 200 во изминатата недела, а највисока инциденца е регистрирана во Ресен и во Кавадарци каде грипот „легнал“ 159 лица на 100.000 жители.

„Регистриран е еден смртен случај асоциран со грип, кај жител на Кавадарци, во изминатата недела. Починатото лице е на возраст од 63 години, со утврдена претходна хронична болест. Кај починатото лице потврден е А (H1pdm) вирусот на грип“, се наведува во последниот неделен извештај од Институтот за јавно здравје.

Во текот на 12-та недела од 2019 година (18.03-24.03.2019), во Република Северна Македонија се пријавени 975 (I=47,1/100.000) случаи на грип/заболувања слични на грип, што е за 38 отсто  помал број во однос на минатата недела (n=1.573).

Но, бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 40,7 отсто споредено со 12-та недела од минатата сезона, а во однос на бројот за 12-та недела од типичната епидемиска крива за последните 8 сезони постои зголемување за околу 2 пати.

Регистрираната инциденца и оваа недела е над неделната граница на сезонска активност на вирусот на грип.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 51 материјал за тестирање на грип, од кои 23 (45,1%) се позитивни за присуство на вирусот на грип. Од позитивните, 10 припаѓаат на Influenza A(H1)pdm подтипот, 7 се Influenza A(H3) и 6 Influenza А несуптипизирани (Графикон 5).

Како и во текот на претходните недели од почетокот на сезоната, така и во 12-та недела, најголем број заболени (n=619; 63,5%) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 94,7/100.000 жители е регистрирана кај децата од возрасната група од 0-4 години (Грaфикон 2).

Оваа недела пријавени се заболени лица од 23 извештајни единици.

Коронавирус