четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 78
home Вести

ГРЕКО: Корупција, криминал и политизација на полицијата

ГРЕКО: Корупција, криминал и политизација на полицијата

ГРЕКО го објави извештајот за евалуација на Република Македонија – Петти круг. ГРЕКО упатува вкупно 23 препораки на Република Македонија, од кои 9 се однесуваат на централната власт, а 14 се однесуваат на органите за спроведување на законот, односно Министерството за внатрешни работи.

Петтиот круг евалуација на ГРЕКО почна на почетокот на 2017 година. Промената на власта во земјава е на 01.06.2017 година,  а теренската посета почна во октомври 2018-тагодина.

Петтиот круг на евалуација е на тема: „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“ и започна во 2017 година, со доставувањето на евалуацискиот прашалник за овој круг од страна на ГРЕКО.

Шеф на делегацијата на  Република Македонија во ГРЕКО е Ана Павлова Данева. Таа е професор по управно право, управно процесно право и е поранешен потпретседател на СДСМ.

До сега, во сите изминати периоди, нашите преставници во ГРЕКО беа кривичари: Слаѓана Тасева, Никола Тупанчевски, Анета Аранудовска. Секој од нив беше партиско решение, избрано од СДСМ, а не соодветен кадар за функцијата.

Во извршното резиме е наведено дека корупцијата се  смета  за  сериозен проблем во земјава. Во институционална рамка се спомнува: Законот за лобирање, но законот не се применува. Се наведува и дека има недостаток на транспарентност, а формираа министерство за тоа, со акцент на посебните советници и надворешните соработници. Исто така, се акцентира политизацијата на полицијата.

Какви се препораките? 

Во точка 39 се наведува препораката 1 која гласи:

„ГРЕКО препорачува да во однос  на  вработувањето  на  лица  ангажирани  врз основ  на  дискреционо  право  на функционери од централната власт со цел да даваат совети на функционерите или да вршат слични функции, треба да се воведат правила за неспоивост и да се воведе ветинг врз основа на правилата за интегритет; и (ii) имињата и договорните бенефиции (плати итн.) на оние кои се ангажирани за овие позиции да се направат лесно достапни на интернет и, кога се работи за ангажман со скратено работно време/или ад-хок ангажман, да бидат вклучени и податоци за нивната главна работна задача/активности. (или недостасува транспарентност и правилата на игра се нецелосни).

Точката 46 има препорака:

ГРЕКО  препорачува  систематски дa се спроведува проценка на ризик на интегритетот кај централната власт што ќе ги опфаќа сите функционери и лични советници и надворешни соработници, како што е соодветно; да се воведат соодветни корективни мерки и да се обезбедат соодветни ресурси на единиците за внатрешна контрола и на органите одговорни за методолошки совети во оваа област; и (iii) редовно да се евалуира влијанието и ефектите од мерките за интегритет во централната власт (на пример, изјави за интереси и имот) и да се објават резултатите.

Во2019-та година проблем е работата на Државниот завод за ревизија бидејки место да објавуваат Ревизорски Извештаи за 2018 година, тие се уште се занимаваа со 2017 година во која одговорните лица беа и од претходната и од актуелната власт. Се политизира една поранешна квалитетна институција. Со спорото работење се штити актуелната власт од криминалот по министерствата.

„Се охрабруваат властите да го намалат бројот на категории на вработени во централната власт поради конфузијата предизвикана од мноштвото паралелни правни рамки кои може да отежнат да се идентификува кои правила важат во поединечни случаи, (прашањето е што работи Министерство за информатичко општество и администрација повеќе од 2 години, ова е директна критика за МИОА)„, стои во точка број 50.

Во точка 59, ГРЕКО во исто време, нотира некои недостатоци, како на пример дека не е опфатена интеракцијата  на јавните  службеници  со  трети  страни,  вклучувајќи  ги и  лобисти.

Требало да им кажат дека законот за лобирање не се применува, генералниот секретар на Собрание на Република Македонија Цветанка Иванова дали им кажа колку лобисти се регистрирани кај неа? Еден, два или нула?

Потенцирано е дека Комисијата за слободен пристап била без кворум, односно не работела велчи 6 месеци. Предмети се трупале, правото не се остварувало, а забелешка, или констатација за тоа нема.

Констатацијата нивна е дека „нешто не е во ред“.

ГРЕКО, понатаму, препорачува, согласно Законот  за  лобирање, да  се  воведат правила со кои се уредува интеракцијата на лицата на кои им се доверени највисоки извршни функции со лобистите и трети лица кои сакаат да влијаат на процесот на јавно донесување на одлуки и редовно информирање за таквите контакти, вклучувајќи го  и предметот за кој се разговара и идентитетот на лицата кои учествуваат и/или се  претставени на овие состаноци.

ГРЕКО препорачува оперативната независност на полицијата vis-à-vis Министерството за внатрешни работи значително да се зајакне и да се спроведуваво пракса (ii) да се превземат релевантни мерки со цел да се обезбеди должностите напоединечнитеполициски службеници да бидат во согласност со постоечките  правила за  интегритет  и  непристрасност,  со  цел  да  ги  извршуваат  своите функции  политички  неутралново  пракса.

Оценува дека полицијата е политизирана.

Во точка 122, ГРЕКО  препорачувада  се  зголем и транспарентноста на полицијата   со подобрување на пристапот до информации, меѓу другото, со тоа што извештаите за резултатите од нејзините активности и донесувањето одлуки, полициските  буџети,  административната постапка,  вклучително  и  извештаите  за јавните набавки,  статистичките  податоци,  правилници и  слични  информации да бидат   јавно достапни, по можност он-лајн. ГРЕКО го признава универзалниот пристап до информации, со било какво ограничување кое претставува исклучок, како предмет на јасно утврдени правила и со можност за преглед/испитување.  Директно се бара зголемување на траспарентноста на МВР.

Највисоката бруто годишна плата на полициските службеници во 2018 година беше 1.725.051,00 денари/ 28.040 ЕУР.

Генерално, евалуацијата е покриена преку согледување на практичната примена на законските решенија за Влада, ДКСК и МВР. Некои работи се изоставени и некои прашања не се целосно опфатени.

Заклучокот е единствен, ГРЕКО констатира корупција, криминал и политизација на полицијата.

Коронавирус