недела, 18. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Грците се предупредуваат меѓу себе: „Да не му се даде на Скопје името Македонија“

Грците се предупредуваат меѓу себе: „Да не му се даде на Скопје името Македонија“

– Претседателот на грчката партија „Сојуз на централисти“, Василис Левендис, побарал од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, да биде внимателен „да не му се даде на Скопје името Македонија“.

Според грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ, како што јавува дописникот на МИА од Атина, за време на протоколарниот и традиционален новогодишен прием на лидерите на политичките партии во претседателската палата, Левендис на Павлопулос му упатил порака во однос на прашањето за името.

-Внимавајте, можеби за време на вашиот мандат, ќе се даде името Македонија на Скопје и тоа за вас ќе остави полош белег од договорите во Лондон и Цирих за кипарското прашање, му рекол лидерот на „Сојуз на централисти“ на грчкиот претседател, според АПЕ-МПЕ, пренесува МИА.

Прокопис Павлопулос, според грчката новинска агенција, одговорил дека ќе го земе во предвид ставот на Левендис.

„Сојуз на централисти“ е мала грчка партија, која на последните избори во Грција, во септември 2015, за прв пат влезе во парламентот, а нејзиниот претседател, Василис Левендис е против, терминот Македонија да биде вклучен во името на нашата земја.

Коронавирус