сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 66
home Вести

Грците не се откажуваат: Мора да има промена на Уставот!  

Ваквите ставови на Грците се јасен показател дека Република Македонија мора да ги прифати сите понижувачки барања на грчката страна за тотално обезличување на македонската држава и народ. Се поставува прашањето до каде е спремен Зоран Заев и СДСМ да одат со ваквите понижувачки барања од страна на Грците?!
Грците не се откажуваат: Мора да има промена на Уставот!   

„Не“ за промена на границите, „не“ за етнички заедници вон границите и „не“ за јазик што би настојувал на права вон границите се трите предуслови за решавање на спорот со името вели грчкиот претседател Прокопис Павлополус.

Тој додава дека потребна е промена на Уставот и име кое нема да зрачи иредентизам.

-Прво да го сменат нивниот Устав, а потоа, кога ќе стигнеме до каков било договор, во овој договор ќе има име кое нема да зрачи иредентизам. И кога велиме иредентизам мислиме на три работи: не може во никој случај ова име да подразбира промена на границите. Второ, не може ова име да упатува на етничка припадност вон границите на ПЈРМ. И трето, не може ова име да упатува на јазик надвор од границите, што би предизвикало малцински права и во оваа област. Овие три работи се факт, изјави Павлопулос.

Павлопулос по кој знае кој пат ги повтори ставовите на Грците дека е потребна промена на Уставот како основен предуслов за решение.

-Не може во моментот кога доаѓаат да се договорат за компромисот кон кој и тие се стремат, да ти кажат: овој компромис ќе го направиме, но не можеме сега да го смениме Уставот, ќе го смениме во иднина. Дали е тоа демократска земја? Премиерот на оваа земја не разбира каква опасност предизвикува самиот кога изјавува дека е спремен да потпише еден договор што е спротивен со Уставот? Можете да си замислите некој лидер од Западот, од ЕУ, да кажеше такво нешто?, праша Павлопулос.

Ваквиот грчки став е спротивно на се она што го кажува Зоран Заев дека договор може да се постигне и без промена на Уставот.

Коронавирус