понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 17
home Вести

Грците го искараа еврокомесарот Хан: Погрешно го употребуваш името на ПЈРМ!

Грчкото МНР, јавува дописникот на МИА од Атина, вели дека употребата на „несоодветни фрази“ не помага да се постигне напредок во разговорите за името, но и дека тоа не е во согласност со улогата на ЕУ.
Грците го искараа еврокомесарот Хан: Погрешно го употребуваш името на ПЈРМ!
epa04424416 EU Commissioner-designate for European Neighbourhood Policy and enlargement negotiations, Johannes Hahn from Austria attends a hearing by the Committee on Foreign Affairs, at the European Parliament in Brussels, Belgium, 30 September 2014. The European Parliament has started quizzing the 27 men and women who have been picked to serve in the new European Commission. The hearings are due to last at least three hours each. EPA/JULIEN WARNAND

Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение, реагира за, како што наведуваат, „повторната погрешна употреба на името на ПЈРМ“ од страна на еврокомесарот Јоханес Хан за германски „Шпигел“.

Грчкото МНР, јавува дописникот на МИА од Атина, вели дека употребата на „несоодветни фрази“ не помага да се постигне напредок во разговорите за името, но и дека тоа не е во согласност со улогата на ЕУ.

– Го повикуваме комесарот Хан да го почитува меѓународното законодавство и да не ги прекршува, меѓу другото, и одлуките и обврските на самата ЕУ. Особено во еденакритичен момент како што е денешниот кога преговорите се во тек. Повторувањата од негова старана на несоодветните фрази, не придонесуваат во постигнување напредок во преговорите за името. Исто така, не се во согласност со конструктивната улога што треба да ја имаат членовите на Европската унија, соопшти грчкото МНР, пренесува МИА.