петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 5
home Вести

Грција во Солун со аеродром „Македонија“, Заев се откажа од името „Александар Македонски“ за аеродром во Скопје

Грција во Солун со аеродром „Македонија“, Заев се откажа од името „Александар Македонски“ за аеродром во Скопје

Ако Македонија во духот на пријателството и добрососедските односи го преименува аеродромот „Александар Македонски“, тогаш зошто Грција, во знак на истите тие добри односи и взаемно почитување не го преименува солунскиот аеродром кој се вика „Македонија“?

Ова се прашања адресирани до премиерот Зоран Заев и неговата влада на неговиот официјален Твитер профил, откако Заев соопшти дека со цел конкретно да покажеле дека се посветени во процесот на изнаоѓање решение, најави дека македонската Влада ќе го промени името на аеродромот и автопатот. Автопатот ќе се викал „Пријателство“.

И додека Заев се откажа од името „Александар Македонски“ на аеродромот во Скопје, Ципрас нема потреба „конкретно да покажува дека Грција е посветена на изнаоѓање на решение“, па името „Македонија“ на солунскиот аеродром не претставува никаков проблем.

Ципрас по средбата со Заев изјави „Мора да најдеме решение за сите нерешени прашање за да можат да продолжат напред евротатлантските интеграции. Заедничкото решение треба да биде ерга омнес, а преговарачкиот процес се приближува кон крајот“.

„Ние сме нова генерација прогресивни премиери. Знам дека денеска многу луѓе нè гледаат. Некои со скептицизам, други со оптимизам. Сакаме да ги решиме прашањата прагматично и одговорно. Го кажувам ова бидејќи само не што сакаме да го решиме спорот со името, туку и билатералните односи да ги поставиме на основа на заемна доверба. Да се справиме со сите форми на иредентизам, да не оставиме дупки за да се осигураме дека нема да се појават слични предизвици во иднина. Мора да најдеме решение за сите нерешени прашање за да можат да продолжат напред евротатлантските интеграции. Заедничкото решение треба да биде ерга омнес, а преговарачкиот процес се приближува кон крајот. Паралелно се согласивме дека треба да продолжат мерките за градење доверба“, кажа Ципрас.

Коронавирус