вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 203
home Вести

Грција слави, Македонија депримирана по договорот Заев- Ципрас

Грција слави, Македонија депримирана по договорот Заев- Ципрас

По договорот на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, Грција слави, а Македонија е депримирана. Прифаќањето на ерга- омнес е голем дипломатски успех за Грција. Од друга страна пак, Македонија и нејзините граѓани се депримирани бидејќи договорено е името Република Северна Македонија да биде за севкупна употреба, т.е. ерга- омнес што беше почетен став во преговорите на грчката страна уште од стартот, а подразбира и уставни промени за кои Заев претходно негираше дека ќе се случат.

Граѓаните и експертите велат дека премиерот Заев вчера ги погази црвените линии кои досега ги бранеа сите политичари на кои граѓаните им ја дадоа довербата да ја водат државата.

Јужниот сосед пак, има повод за славје, бидејќи прв пат во дводецениските преговори еден политичар од Македонија се согласил да ги прифати сите нивни услови и да им го обезбеди најдобриот договор досега.

Грчките медиуми вчера ги објавуваа „добивките од договорот“:

  1. Договорот е целосно во согласност со националната црвена линија за комплесно име со географска одредница за ерга омнес употреба, која се иста 20 години.
  2. Прифаќањето на erga omnes е голем дипломатски успех за Грција, бидејќи не беше прифатено во минатото. Ова значи дека нашите соседи не само што ќе го користат договореното име во нивните меѓународни односи, меѓународни организации, меѓународни форуми и меѓународни документи, туку и во рамките на земјата.
  3. Името “Република Северна Македонија”, кое во нашата земја ќе биде признаено како “Северна Македонија (без англиски превод)”, става крај на иредентизмот во името “Република Македонија”, кое еуставното име на соседот и кое е признато од повеќе од 140 држави во билатералните односи, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина.
  4. Владата, не само што успеа само да го натера Скопје да прифати ерга омнес, туку и го обврза соседот на директна уставна ревизија.
  5. Уставната ревизија е огромна победа за Грција, бидејќи таа беше дел од нашите црвени линии, кои ги имавме во изминатите 20 години, а беше следена од сите партии и влади, но тоа беше црвената линија и на сегашната влада, а Скопје никогаш претходно не се согласила да го промени својот устав со меѓународен договор.
  6. Договорот предвидува Грција да го ратификува договорот само откако ќе заврши уставната ревизија во соседната земја. Поканата за НАТО и отворањето на фондовите на ЕУ ќе се спроведува по ратификација од страна на македонскиот парламент на договорот, но нејзиното пристапување кон двете организации ќе биде направено по уставната ревизија, бидејќи поканата експлицитно вели дека е неважечка ако не е исполнет договорот.
  7. Со овој договор, ја земаме назад нашата историја, симболи и традиција, бидејќи во договорот со соседната земја се прифаќа разликата меѓу грчките Македонци, нивната древна грчка култура, нивниот јазик и регионот во кој живеат и народот на таа земја со своја историја, јазични и културни карактеристики од друга страна (види член 7 подолу).
  8. Името ќе биде запишано во македонскиот устав со ревизијата. Во исто време, повеќе од 140 земји кои ја признаваат земјата денес со терминот Македонија ќе ја препознаат како Северна Македонија.
  9. Името целосно ја издвојува оваа земја од грчка Македонија и нејзините три региони (Источен, Централен, Западен).
  10. Крај на неодговорноста се потврдува на повеќе формални начини, бидејќи гаранциите се дадени на најексплицитен и недвосмислен начин, кој елиминира, спречува и ги сузбива сите видови на ирационална реторика и акции, без разлика дали доаѓаат од јавни или приватни ентитети.
  11. Договорено е сите ирационални референци да бидат избришани од уставот на соседот. На пример, а) ќе се отсрани, верното копирање на соодветното поглавје во грчкиот Устав. Во овој контекст,членовите за заштита на “македонските малцинства” во соседните земји ќе бидат отстранети; б) статијата за заштита на границите се заменува со бришење на сите проблематични референци; в) се отстранат сите дури и имплицитни историски референци на иредентистички ставови во Преамбулата на Уставот.
  12. Договорот предвидува дека државјанството во Северна Македонија ќе биде Македонско / државјанин на Република Северна Македонија. Овој унифициран термин го заменува простото “македонско” во моментов на патните исправи, така што тоа е јасно подобрување.

Грција ќе го признае државјанството / државјанството како “граѓани на Северна Македонија”.

Се забележува дека поимот “националност” е различен од етничката припадност. Како резултат на тоа, договорот не ја признава националноста / нацијата, туку правото на самоидентификација на граѓаните на соседот. Членот 7 од договорот наведува дека нашите граѓани имаат можат да продолжат да ги идентификуваат нашите соседи со кој било термин што го користат. (види член 7 подолу)

  1. Нашите соседи веќе го сменија името на аеродромот, нивниот автопат и нивниот стадион. Ќе има размена на споменици со Општина Солун или ако размената не се одвива, договорот предвидува дека соседната земја ќе има плакети на статуите и споменици за да стане јасно дека тие се симболи на грчката култура (на пр. Скопски плоштад ќе има натпис дека се однесува на хеленистичкиот период и ќе биде обележан како симбол на пријателството на Грција – Македонија).
  2. Иако јазикот на “македонскиот јазик” бил признаен од страна на Грција во рамките на ОН од 1977 година, договорот содржи дополнителна јасна формулација дека тој припаѓа на семејството на словенски јазици, како и експлицитниот запис дека овој јазик е одвоена од античката грчка култура и грчко-македонското јазично наследство.
  3. Сите агресивни определби на владини и јавни институции, како и државни / културни организации финансирани од државата ќе бидат дефинирани со терминот “Северна Македонија”, додека дефиницијата “Македонија” се укинува.
  4. Ќе биде формирана Работна група на експерти, која ќе мора да се занимава со прашања за трговски марки од 2019 година во рок од 3 години.

ВМРО-ДПМНЕ пак вели дека нема да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставното име и оти договорот на Заев значи капитулација.

-Колку и да се обидува Зоран Заев да демонстрира еуфоричност со сила да се насмевнува и вештачки да делува среќно се гледа од далеку дека ова е пораз. Тоа е чувството кај граѓаните, потиштеност и горчина, целосниот процес на преговори се водеше во тајност и со екстремен егзибиционизам од македонската влада и Зоран Заев. Опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија не беше вклучена во процесот на ова надежно прашање, сега веќе јасно зошто. Ова не го велат затоа што ние се тргаме настрана од целиот процес, туку затоа што Зоран Заев го монополизираше истиот, истото се случи и денеска кога го имав и телефонскиот разговор со Зоран Заев веднаш по постигнувањето на договорот со неговиот грчки колега Ципрас. Во суштина овој договор е прифаќање на сите грчки позиции и во својата основа не може да се нарече ништо повеќе од таканаречен договор, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој потенцира дека ако постигнатиот така наречен договор на Заев е прифаќање на промена на Уставот и внатрешно и надворешна употреба на новото име, тогаш тоа е договор на Заев за капитулација.

-Зоран Заев покажа нестабилност, недостоинственост, прифати промена на Уставот, географска одредница за да подоцна ја убеди македонската јавност дека со промена на Уставот и решението Илинденска Македонија го потврдува идентитетот, со ова го испрати министерот за надворешни работи и гордо пред македонската јавност кажуваше дека друго решение за него е неприфатливо. Но како што многупати и во минатото така и денес, излажа, ова е тежок егзиниционибизам на штета на сопствената држава. Ова е премногу сериозно прашање и затоа бараме така наречениот договор кој што Заев има намера да го потпише со Ципрас веднаш да ни го достави, потенцираше Мицкоски.

 

Коронавирус