сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Грција одлучува за тоа како Македонците ќе ги минуваат границите и дали мора да се прават тестови

Грција одлучува за тоа како Македонците ќе ги минуваат границите и дали мора да се прават тестови

Чекаме став од Атина за тоа како ќе се минуваат границите. Ова на денешната прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога ќе се отворат границите.

-Со грчкиот колега разговаравме за неколку опции што треба да ги дефинираме за отворање на границите. Денеска официјално го испративме писмото, врз основа на заклучоците од нашиот состанок, во кое чекаме грчкиот колега повратно да ни одговори на дефинитивниот став за тоа како ќе се минуваат границите, односно дали тоа ќе може да биде без тестови, потоа за начинот како ќе се скрати времето на чекање на самите гранични премини, да се избегнат големите гужви што сметаме дека е ризик и за опцијата да се пружи бесплатно лекување на сите заболени од неколку околни земји, заради тоа што тој документ потоа сакаме да го дадеме и на други соседни земји ако некој заболи од коронавирусот, истакна тој.

Коронавирус