понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 86
home Вести

Грција од Македонија го бара тоа што е најстрого забрането со нејзиниот устав

Грција од Македонија го бара тоа што е најстрого забрането со нејзиниот устав

Грција од Македонија бара промена на Уставот и со тоа го крши сопственото уставно правило според кое секој што ќе се обиде да го смени насилно уставот ќе се соочи со гневот на сите граѓани, пишува Еxpres.mk.

Според членот 120 од поглавјето посветено на завршните одредби во уставот на Грција секој што ќе го загрози суверенитетот на народот ќе биде казнет по воспоставување на легитимна власт.

Во овие четири членови од грчкиот устав најдобро се објаснува како треба Македонија да се однесува кон својот устав.

Поглавје 4
Завршни одредби
Член 120

1. Овој устав изглесан од петтиот парламент на Хелените е потпишан од спикерот и објавен од привремениот претседател на Републиката во владиниот службен весник со указ потпишан од владата и ќе влезе во сила на 11 јуни 1975 година.

2. Почитување на Уставот и законите, и посветеноста кон Татковината и на Демократијата претставуваат основна должност на сите Грци.

3. Узурпација на било кој начин на народниот суверенитет или на сили кои произлегуваат од неа ќе биде казнета по враќањето на легалната власт.

4. Почитувањето на Уставот е доверено на патриотизмот на Грците кои имаат право и должност да се спротивстават со сите можни средства против секој што ќе се обиде за насилно укинување на Уставот.

Членот 3 практично значи дека доколку некоја власт се обиде да го наруши суверенитетот на народот ќе биде казнета по нејзината смена и по враќањето на легална власт.

Иако овој грчки устав е напишан во владеењето на воената хунта во него покрај овие членови има уште многу други можал лесно да се аплицираат во сегашна Република Македонија.