петок, 25. септември 2020. Вести денес: 178
home Вести

Грција испраќа спасувачки тим во Бејрут

Грција испраќа спасувачки тим во Бејрут

Спасувачки тим од 12 пожарникари, со куче спасувач и две возила со специјална опрема, денеска од воениот аеродром во Атина, со C-130 заминуваат за Бејрут за да им помогнат на либанските власти во спасувачките акции, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека спасувачкиот тим заминува откако од Либан била побарана помош за акцијата за пронаоѓање и спасување на преживеани, а Грција е подготвена да помогне и со испраќање медицинска опрема.

А токму медицинска опрема и лекови ќе испрати Кипар до Либан, според либанската амбасадорка во Никозија, која за кипарската новинска агенција ЦНА изјави дека помошта ќе биде испратена утре.

Министерството за надворешни работи на Кипар соопшти дека за утре е планиран специјален лет за Бејрут за репатриација на кипарските државјани.

Коронавирус