четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

Грција ги отвора сите гранични премини со Македонија

Грција ги отвора сите гранични премини со Македонија

Отворање на сите копнени гранични премини на Грција со соседните земји, меѓу кои и Ники/Меџитлија и Дојран кон Северна Македонија и тоа со 24-часовно работно време, почнувајќи од денеска, најавија грчката заменик-министерка за туризам Софија Захараки и шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, Марија Андониу.

– Ги зајакнуваме копнените граници, од денеска, копнените граници ќе работат 24 часа, изјави Захараки за грчката телевизија „Скај“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, Андониу, преку соопштението најави дека од 1 јули 24 часа ќе работат копнените премини Промахонас, Евзони, Ники, Дојран, Кастањес, Кипи, Орменио, Нимфеа, Кристалопиги и Какавија.

Според Андониу, Ексохи кон Бугарија, од утре ќе работи 24 часа, а Мавромати кон Албанија до 7 јули ќе функционира под актуелните правила односно од 8 до 16 часот и дозволен влез на најмногу 250 лица.

Сепак, за начинот на кој ќе функционираат граничните премини и за да може да се примени оваа одлука, потребно е, како што беше случај и кога се отворија границите на 14 мај, соодветната министерска одлука треба да биде објавена во Службен весник на Грција.

Коронавирус