среда, 5. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

Грчките свештеници ќе учествуваат на протестот во Атина против употреба на името Македонија во нашето име

Грчките свештеници ќе учествуваат на протестот во Атина против употреба на името Македонија во нашето име

Здружението на свештеници на Грција, по одржан состанок одлучија да учествуваат на протестот во Атина против употребата на терминот Македонија во името на Република Македонија.

Архиескопот Јеронимос ја повтори позицијата дека ГПЦ е против терминот Македонија во името на нашата држава.

По одржаниот состанок, управниот одбор на здружението, соопшти дека целосно се согласува со одлуката на Светиот синод на ГПЦ, за не прифаќање на терминот Македонија и изведените зборови, но сепак ќе биде дел од демонстрациите на 4 февруари.

За денеска,  синодот на ГПЦ закажа вонреден состанок, на кој ќе стане збор за спорот со името и демонстрациите. Извори од архиепископијата за грчкиот информативен портал „ин.гр“, рекоа дека разговорите на состанокот ќе имаат три дела.

Од ГПЦ пак, во кусото соопштение за состанокот не го споменаа прашањето за името, најавија само  дека на новата средба што ќе се одржи денеска  ќе  се разгледуваат тековни службени прашања.

Коронавирус