петок, 17. септември 2021. Вести денес: 60
home Вести

Грчките медиуми објавуваат документи за милионски криминал при продажбата на фирмата на Анѓушев

Грчките медиуми објавуваат документи за милионски криминал при продажбата на фирмата на Анѓушев

Билансот на состојба при купување на претпријатие за трговија со електрична енергија од Скопје на Кочо Анѓушев од страна на ППЦ – што владата досега одбиваше да го даде во грчкото Собрание го пренесува грчкиот медиум Скаи.

-Компанијата на заменик-премиерот и близок пријател на Заев, Кочо Анѓушев има негативен капитал, нејзините средства не надминуваат 600.000 денари, работи со од 40% од загубите во индустријата и само 11% од прометот. Во исто време, кредитниот рејтинг е негативен, а иако има огромни загуби за 2017 година, ППЦ го купува претпријатието два месеца пред Преспанскиот договор во износ од 4,8 милиони евра, пишува грчки Скаи.

Секретарот за енергетика, Џорџ Статакис, изјавил дека превземањето е одобрено од страна на Генералното собрание на акционери, администрацијата на ППЦ има и барање за транспарентност на кое сè уште не е одговорено, бидејќи парите легнале на лични сметки на Анѓушев, а не на групацијата од која била дел  ЕДС.

Опозициските НД и КИНАЛ го бараат на увид договорот во Собранието, бидејќи постојат многу нејаснотии, а времето кога е купена компанијата два месеци пред договорот во Преспа покренува многу прашања, велат опозициките пратеници.

Според Скаи клучни забелешки за финансиските податоци на компанијата:

 

  1. Има негативен капитал
  2. Нејзините средства се во износ од само 600.000 денари
  3. Таа има 40% од загубите во индустријата и има само 11% од прометот
  4. Компанија има само 36 вработени
  5. Негативниот кредитен рејтинг значи дека никој не купува од компанијата
  6. Работи со загуби во 2017 година

Нејзината пазарна вредност е нула.

Коронавирус