понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 179
home Вести

Грчки експерт: Технички е можно екстремно сценарио за блокирање на Скопје во НАТО

Грчки експерт: Технички е можно екстремно сценарио за блокирање на Скопје во НАТО

Грчкиот експерт Константинос Филис во изјава за грчката телевизија „Скаи“ денеска вели дека Грција може технички дури и во овој момент да го блокира членството на Македонија во НАТО по последните изјави на премиерот Зоран Заев.

Во однос на пристапувањето на НАТО, сите 29 земји-членки мора да го ратификуваат протоколот за пристапување, а Грција беше прва меѓу нив. Целта на НАТО е да ги заврши националните процеси што е можно побрзо, и секако пред предвремените избори во Северна Македонија на 12 април. Уште три земји треба да го ратификуваат протоколот, а според најавите на македонските политичари, последна ќе биде Шпанија во текот на јануари или февруари следната година.

Етнологот Константинос Филис, извршен директор на Институтот за меѓународни односи, објасни дека во екстремно сценарио во кое Северна Македонија би престанала да го спроведува Договорот од Преспа, Грција технички би го „блокирала“ патот кон НАТО, но „нема политичка волја да го стори тоа “додека спротивен е случајот кога станува збор за интеграцијата во ЕУ.

Коронавирус