среда, 7. јуни 2023. Вести денес: 0
home Вести

Грчката јавност прва ги дозна од Заев референдумските прашања

Грчката јавност прва ги дозна од Заев референдумските прашања

Грчките граѓани имаа ексклузивитет и први ги дознаа прашањата за референдумот кој премиерот Зоран Заев најавува дека ќе се одржи наесен, а се однесува на договорот со Грција со кој е договорена промена на уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија.

Во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ 1, Заев открива како би гласело референдумското прашање.

-Народот убеден сум дека ќе биде „ЗА“ договорот со Грција заради тоа што прашањето веројатно ќе биде „Дали сте за Европската Унија и за НАТО и за поддршка на договорот со Грција?“. Веројатно во тој правец ќе биде заради тоа што едно со друго кај нас е поврзано и од таков аспект граѓаните кога ќе го дадат својот глас, политичарите, владата, парламентот, претседателот на државата сме должни да го почитуваме. Или можеби прашањето ќе биде „Дали сте за Европската унија и НАТО поддржувајќи го името Република Северна Македонија?“, заради тоа што тоа е договорот. Верувам дека граѓаните ќе бидат целосно позитивни, изјави Заев во интервју за грчката телевизија.

Заев истакна дека три датуми се во игра за референдумот во Македонија – 23 септември, 30 септември или 7 октомври.

Најнови вести