среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Вести

Грчката царина објави правилник: Трговците мора да го користат „Северна Македонија“ во документитте

Грчката царина објави правилник: Трговците мора да го користат „Северна Македонија“ во документитте

Гувернерот на грчкиот самостоен орган за јавни приходи (ЈПП), Јоргос Пицилис, издаде правилник со инструкцииза постапките што царинските служби треба да ги следат во трговијата со нашата земја.

Во случај на сите царински документи доставени до надлежните царински испостави или во моментот на влегување во земјата или во канцелариите на крајната дестинација, шифрата “МК: Северна Македонија” се додава во соодветните рамки.

Сите документи кои ја поддржуваат увозната декларација (декларации, фактури, сертификати, дозволи, одобренија и сл.) треба да бидат со новото уставно име.

„Затоа ги повикуваме економските оператори кои се занимаваат со царини да се осигураат дека точното име на Северна Македонија стои во сите документи испратени од нивните добавувачи“, се вели во повикот до грчките фирми кои набавуваат од Македонија.

-Не постои обврска за царинските органи да ги контролираат трговските имиња и трговските марки на стоката увезена во нашата земја, бидејќи Спогодбата предвидува формирање на меѓународна група стручњаци за барање на взаемно прифатливи решенија во рок од три години. Како резултат на тоа, постојната трговска практика е прифатена од страна на царинските органи и, доколку има какви било промени, ќе се усвојат нови директиви – се вели во Правилникот.

Правилникот ги опфаќа и сертификатите за транзит, , EUR1 и EUR-MED, кои сега треба да го носат името што е дадено во договорот. Ако сертификатот е пронајден со неприфатливо име, овој сертификат ќе биде одбиен од технички причини и треба да биде издаден нов од надлежните власти на „Северна Македонија“. Нов сертификат треба да се извади и ретроградно.

Името од договорот, исто така, треба да се користи во декларациите на одобрени извозници за потекло, фактури или кој било комерцијален документ.

-Кога извезуваме стока од нашата земја во Северна Македонија, и поднесените извозни декларации и придружните документи (фактури, конотации итн.) мора да бидат со новоприфатеното име,  пишува во правилникот.

Според тоа грчките увозници ќе мора да го заменат кодното име, а се наведува дека во сите документи кај грчките трговци треба да стои новото име за да се избегнат можните проблеми при увоз на стоката. Тука се вклучени декларации за потекло, фактури или кој било комерцијален документ.

Извор: ФАКТОР