петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 23
home Вести

Грчка ЕРТ: Нимиц во посета на Скопје и Атина во наредните десет дена

Грчка ЕРТ: Нимиц во посета на Скопје и Атина во наредните десет дена

Посредникот на ОН во преговорите за решавање на спорот за името, Метју Нимиц, има намера во наредните десет дена да ги посети Атина и Скопје, со цел со двете страни да го разгледа прашањето, објави грчката телевизија ЕРТ.

Според телевизијата, Нимиц е оптимист и смета дека проблемот за името на Македонија може да се реши во следните шест месеци.

Нимиц, како што пренесува ЕРТ, оценува дека предлозите кои што минатата недела ги упатил и претставил во Њујорк се општоприфатиливи за двете земји, и дека дал уверување оти тие го гарантираат „националниот идентитет“ на поранешната југословенска Република Македонија (БЈРМ).

„Имам големи надежи дека овој процес се движи во позитивна насока“, изјави Нимиц по разговорите со претставниците на двете земји Васко Наумовски и Адамантиос Василакис на 17 јануари во Њујорк.

Коронавирус