петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 151
home Вести

Грчева: Заев и номенклатурата околу него се фаталоносците кон Европската унија, тој не може да нѐ однесе во ЕУ, едноставно истргува со сѐ

Грчева: Заев и номенклатурата околу него се фаталоносците кон Европската унија, тој не може да нѐ однесе во ЕУ, едноставно истргува со сѐ

Човек како Зоран Заев и номенклатурата околу него се фаталоносците кон Европската унија. Тој не може да нѐ однесе во ЕУ, едноставно истргува со сѐ, рече Солза Грчева на денешното гостување во емисојата ,,Што не е јасно?” на Алфа телевизија.

Таа потсети дека Зоран Заев ги извадил сите адути од џеб и дека го дал дури и она што не му побарано, спремни се уште да дадат и сега после катастрофалниот пораз ги залажувал граѓаните со евроинтеграциите. Истотака, Грчева кажа дека резултатите од локалните избори се тотален пораз на политиките на Зоран Заев и СДСМ.

-Го слушам денес кадешто вели дека заслужено добиле жолт картон и мораме веднаш и сега да се променат. Епа сакам на граѓаните денес од ова студио да им упатам една јасна порака на граѓаните: Промена кај овие луѓе нема да има, ако има промена ќе биде уште полошо! Со СДСМ казнети се македонските национални интереси кои се на распордажба, дури и на СДСМ не им е сеедно бидејќи таму има полно деца и внуци на партизани на кои им го избриша АСНОМ од Уставот. Што си мисли, дека на Бугарија ќе ѝ дадеме сѐ и ќе добива поени? Па и кај нив ќе губи поени. Од градежната мафија не се откажуваат, но она што најмногу ме секира е тоа ние се спремаме да станеме нарко земја! – рече Грчева.

Грчева посочи дека и во Мексико владата не ги поддржува нарко – картелите, но тие не можат да се стават под контрола и дека ќе дојде време кога луѓе, мафии ќе се пресметуваат и убиваат по улици и ги предупреди граѓаните дека ова е последна шанса да се освестат.

-Ние сме имале и лоши политики овде, сме имале и подобри политики но овие луѓе не успеаја добрите политики да ги унапредат туку се урнаа, сосема нова димензија донесоа и ние стануваме нарко земја. Доколку овие луѓе не бидат итно поразени ние ќе имаме убиства на улица, рече Грчева.

Коронавирус