четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Грчева: Втор пат ми е хакиран профилот, некој составил статус зад кој не стојам

-Некој умешно составил статус во мое име и ова морам да го демантирам. Ова ми се случува по втор пат, за што ме предупредија мои пријатели, напиша Грчева.
Грчева: Втор пат ми е хакиран профилот, некој составил статус зад кој не стојам

Солза Грчева тврди дека нејзиниот профил на Фејсбук бил хакиран и дека таа не стои зад статусот кој беше пренесен од страна на медиумите во кој беа изнесени критики за министерот за здравство Филипче, но и членови на неговото семејство.

-Почитувани пријатели, мојот профил е хакиран и не стојам зад последниот “мој“ статус, објави таа.

Таа во својот нов статус пишува дека за министерот за здравство Венко Филипче има контроверзии од самиот почеток, но за неговиот татко немала мислење ниту докази за она што, според нејзиното тврдење, го напишал оној кој и го хакирал профилот.

-Некој умешно составил статус во мое име и ова морам да го демантирам. Ова ми се случува по втор пат, за што ме предупредија мои пријатели, напиша Грчева.

Коронавирус