недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Грчева: Македонија благодарение на Заев излегува како губитник на секое поле

Според екс пратеничката Собранието работи наказно и се воспоставија еден куп преседани меѓу кои и за прв пат во историјата три пати се повторуваше гласањето за јавен обвинител. Тоа се се преседани кои се симптоми на една длабоко болна демократија и држава. Целиот сплет на настани за Грчева доколку се поврзе во една целосна приказна би се дошло до заклучок дека следната година би требало да биде уште по драматична.
Грчева: Македонија благодарение на Заев излегува како губитник на секое поле

Поранешната пратеничка на СДСМ Солза Грчева брутално ја нападна владата и Заев во своето гостување во Отвореното студио на ТВ Нова. Грчева истакна дека нај драматично случување за 2018 е нелегитимниот и неуставен избор на Талат Џафери на што последица се случувањата од 27 април.

Според екс пратеничката Собранието работи наказно и се воспоставија еден куп преседани меѓу кои и за прв пат во историјата три пати се повторуваше гласањето за јавен обвинител. Тоа се се преседани кои се симптоми на една длабоко болна демократија и држава. Целиот сплет на настани за Грчева доколку се поврзе во една целосна приказна би се дошло до заклучок дека следната година би требало да биде уште по драматична.

-Таа вели дека наместо политичката криза да се смири таа стана една општествена криза, а Македонија е држава пред распад. Во овие моменти имаме најмал можен економски раст од постоењето на Македонија, тонеме по секоја основа, сметките кои ги плаќаат граѓаните сите до една се поскапени, минималната плата направи хаос и доведе до отпуштање на огромен број на луѓе потенцираше таа.

Таа говореше и за законот за јазиците и поселдиците од истиот.

-Граѓаните се сведоци дека администрацијата се зголемува, а во меѓувреме се отпуштаат симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, а се примаат симпатизери и членови на СДСМ, судовите пресудуваат како ќе им текне и можат веднаш да испорачаат политички обвиненија за тероризам, а во 2001-та година ни беше забрането да се говори за тероризам вели таа. Во вакви катастрофални услови го имаме законот за јазиците како приоритетен, кој ќе ја направи Македонија бинационална држава, без направен попис. Станува збор за проект и сценарио и сите работи кои се случија се дел од тоа сценарио, додаде таа.

-Тоа што Заев го прави на план на дипломатијата е дегутантно, регионално поврзување преку распродавање на македонските национални интереси, односно за да се задоволат Грците се нуди промена на името во „Нова Македонија“ , решение кое е полошо и од географска одредница, откажување од јазикот и малцинството за ,,подобрување’’ на односите со Бугарија, прфаќањето на Тиранската платформа на Рама, на Косово им ветувате меѓународна експертиза за настаните од Диво Насеље, Заев ја подарува Македонија како новогодишен поклон вели Грчева.

Според неа, дипломатијата на Заев е опасна за Македонија, а Македонија како резултат на дипломатијата на Заев излегува како губитник на секое поле, а целта на сето ова е промена на името. Македонците немаат национален консензус за националните интереси, ние не знаеме нашата дипломатија за што преговоара, Грција има свои црвени линии кои горе долу ги знаеме, Македонија нема.

Коронавирус