вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 153
home Вести

Граничните премини се отвораат од денеска, хотелите од понеделник

Граничните премини се отвораат од денеска, хотелите од понеделник

Од денеска, согласно одлука на Владата, се отвораат сите гранични премини во земјата, освен аеродромите, но на сила и натаму остануваат мерките како приложување валиден негативен ПЦР тест при влез во земјава и задолжителна самоизолација од 14 дена. Новина е што странците, наместо како досега да можат да транизитираат низ земјава само преку граничните премини Табановце и Богородица, тоа во рок од 5 часа да можат да го направат и преку другите премини. Владата донесе и протоколи за функционирањето на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), кој почнува да се применува од понеделник 22 јуни.

Владата донесе одлука од денеска да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.

Останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Република Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

Коронавирус