петок, 23. јули 2021. Вести денес: 114
home Вести

Граничниот премин Ново Село отворен, влезот во Бугарија забранет до 15 јули

Граничниот премин Ново Село отворен, влезот во Бугарија забранет до 15 јули

Граничниот премин Ново Село на македонско-бугарската граница од денеска е отворен, но во Бугарија преку преминот Златарево не може да се влезе до 15 – ти идниот месец, до кога трае вонредната состојба кај источниот сосед, информираат од овој граничен премин.

– Низ Бугарија може само да се транзитира, а тие што поседуваат бугарски пасоши или лични карти можат да влезат, но потоа веднаш заминуваат во карантин 14 денови. Исто така, не доаѓаат ниту бугарски државјани, бидејќи по враќањето и тие одат во карантин, информираат од граничниот премин Ново Село.

Додаваат утринава дека неколку македонски граѓани со бугарски лични карти заминале, но согласно процедурите меѓу двата гранични премина биле предупредени дека ги чека карантин или може да бидат вратени назад.

На преминот Ново Село забележани се српски и државјани од ЕУ земјите кои го користат овој премин за да заминат на летување во Грција преку преминот Кулата-Промахонос на бугарско-грчката граница, бидејќи патниците кои не се од земји членки на Европската унија не се пропуштаат на преминот Евзони на македонско-грчката граница.

Од денеска е најавено враќање на поголем број македонски државјани кои студираат и работат во Бугарија. Тие можат слободно да се вратат дома без досегашните задолжителни ПЦР тест и четиринаесетдневен карантин. (МИА)

Коронавирус