сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА ЗАТВОРЕН – ситуацијата алармантна, бидејќи е ден интервенира и хеликоптер на АРМ

ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА ЗАТВОРЕН – ситуацијата алармантна, бидејќи е ден интервенира и хеликоптер на АРМ

Граничниот премин Богородица е затворен за сообраќај од македонска и од грчка страна поради пожарот кој избувна во негова близина попладнево. И хеликоптер на АРМ во моментов го гасне пожарот.

Од снимките објавени на социјалните мрежи се гледаше пожар во борова шума во билзина на граничниот премин, непосредно над казината, кои исто така се во негова околина.

Од екипите на терен соопштуваат дека пожарот поради ветрот почнал да се движи кон границата со Грција поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.

Сообраќајот на автопатот се пренасочува кон граничниот премин Дојран. Пожарникари од Гевгелија, Кавадарци, Валандово и Богданци се на терен во обид да го локализираат овој пожар кој избувна попладнево.

Ветерот кој дува ја отежнува интервенцијата на пожарникарите.