среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 121
АКТУЕЛНО

Повторно над 2.000 заболени од коронавирус во земјава

home Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика на македонски јазик со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство.

Граматиката е изработена од три професорки кои предаваат дополнителна настава за изучување македонски јазик во Германија – Ана Матовска-Смилевска, Катица Мицева и Аниса Трпчевска, а рецензенти се наставници кои, исто така, предаваат дополнителна настава на македонски јазик – Елица Атанасовска- Стојановска во Франција и Снежана Катарова во Словенија.

– Граматиката е прва ваква книга посветена на македонската дијаспора. На 80 страници учениците од дијаспората ќе имаат можност да ги изучат теоретски и практично правилата на македонскиот јазик, а со тоа да се стекнат со пактично и теоретско знаење на нивниот мајчин јазик. Книгата е приспособена на возраста на нашата најмлада генерација ученици во дијаспората, соопшти Агенцијата за иселеништво. (МИА)

Коронавирус