сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Граѓаните за Мизрахи: Вие сте поим за храброст и достоинство, вистински професионалец (ФОТО)

Граѓаните за Мизрахи: Вие сте поим за храброст и достоинство, вистински професионалец (ФОТО)

Откако во раните утрински часови парламентарното мнозинство на СДСМ на предлог на Оливер Спасовски ја разреши техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, не стивнуваат реакциите и револтот од страна на граѓаните.

Имено, голем број на граѓани на социјалната мрежа Фејсбук на Мизрахи, оставаат коментари со поддршка за нејзиното досегашно работење во министерството, но и поддршка и пофални зборови за почитување на уставното име на Република Македонија.

Прочитајте дел од коментарите:

Но, поддршка на Мизрахи и изразија и еминентни луѓе од културата, универзитетски професори, како и техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, дополнителниот заменик министер во минстерството за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски, а фејсбук статус и фотографија од Рашела Мизрахи објави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој напиша Дисиденти! Зошто? Затоа што си ја сакаат мајка Македонија.

Актерот Владо Јовановски пишува, дека на табли се пишуваат и се бришат, а пишаното на камен останува.
Името Рашела Мизрахи е испишано на камен, на македонски и на еврејски јазик, за век и веков.

Оперскиот пеач Игор Дурловски порачува дека Мизрахи е на политичкиот врв, додека пак универзитетската професорка Гордана Силјановскa пишува дека Мизрахи не прекршила ниту еден член од Уставот како што ја обвинуваат од СДСМ, додавајќи дека секој има на право на самоидентификација и никој не може да и нареди ниту на Мизрахи, ниту на било кој друг граѓанин како да ја идентификува државата.

Министерот за внатрешни работи Чулев, пишува дека Мизрахи покажала силна волја за работа, посветеност и исправена кичма, порачувајќи дека таа е неговиот херој.

Трипуновски пак преку фејсбук статус порачува дека Мизрахи е симбол на непокорливост на Македонецот, додавајќи дека таа ќе се движи со крената глава додека пак оние од СДСМ ќе се срамат и пред себе и пред своите потомци.

Дополнителниот министер во МИОА Невенка Стаменковска Стојковски пак обвинува дека наместо Спасовски да ја разрешува Мизрахи без причина и без основа наутро во 4 часот, треба да побара одговорност од Билјана Јовановска која прикрила над 40000 вработувања и не постапила по обврски согласно законите.

За потсетување, Мизрахи од самиот почеток беше на удар и мета на антисемитизам од страна на блиски челници од власта на СДСМ, а пред само една недела откри и криминален скандал во министерството за труд и социјална политила поврзан со претходната министерка на МТСП од СДСМ Мила Царовска.

По разрешувањето, се огласи и Мизрахи на Фејсбук.

-Дозволете ми да им се заблагодарам на сите граѓани на Република Македонија, на Собранието и партијата ВМРО-ДПМНЕ за укажаната доверба и номинацијата за министер во техничката Влада на Република Македонија. Ми претставуваше посебна чест и задоволство да им служам на граѓаните. Дами и господа да се биде министер во техничка Влада во услови на поодмината и долготрајна политичка криза е голем предизвик. Но, желбата да им се помогне на граѓаните е вредна за човек да се соочи со сите предизвици. Нарушени меѓучовечки односи, непостоење на вредности, распаднат систем, криење на проблемите, очајни граѓани, исплашени вработени во Министерството. Тоа се проблемите на Министерството за труд и социјална политика, напиша Мизрахи на Фејсбук и додаде:

„Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија, назначена за министер во Влада, бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираа средства, ниту начин и зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа ја критикуваа мојата верска и национална припадност. И ме обележаа со жолта ѕвезда. Јас разбирам дека право и должност на секој совесен граѓанин е да ја критикува јавната личност, односно политичарот кој сепак е одбран од него. Но, не можам да разберам кога некој Ве критикува поради верската и национална припадност. Последен што тоа го правеше е Гебелс. Луцидните напади ги осудија и претставниците на ОБСЕ и ОДХР во Македонија, а за волја на вистината со бледо соопштение против ова излегоа и токму оние кои го оркестрираа.

Сите тие напади кон мене кои почнаа со антисемитизам се засилуваа со секој мој јавен настап во кој со факти и докази и презентирав на македонската јавност дека системот е дисфункционален, а Министерството за труд и социјална политика е блокирано со илјадници нерешени предмети, ужасна кадровска политика и сето тоа на грбот на граѓаните.

Конечно хајката против еврејката Рашела Мизрахи, немајки за што друго, спин докторите на партијата на власт и нивните гласноговорници во очаен обид да ја прикријат вистинската слика за она што се случува во државата и Министерството, погубните политики на СДСМ чии лидери бараат спас од нас, наместо да се фатат со својата работа, заврши и колуминира со евтина тетарска претстава наречена „Таблата во Министерството за Труд и социјална политика“. Наместо да ме остават да им помогнам на болните, инвалидите, децата и најранливите во ова општество и помогнаа на вицепремиерката Царовска својот грев за непроменување на таблата од само за нејзе познати причини да ми биде препишан на мене. Па наместо таа да објасни за натрупаните нерешени случаи за донесеното законско решение „case management“ кое е апсолутно дисфинкционално за криминалиите кои ги направила врз синдикатите со сета сила најлесно беше да ја истури својата неспособност и некомпетенстност, а некој друг да го обвини за истото.

Не ја прашувајте Рашела Мизрахи, прашајте ја Мила каде е новата табла.
Јас сум граѓанин на Република Македонија кој никогаш не го прекршил ниту Уставот ниту законите. А, Република Македонија е таа затоа што за неа на деветнаесет години загина народниот херој Лиман Каба, Република Македонија е затоа што Бабисадо Хамезе за неа изгуби нога во Втората светска војна, Република Македонија е затоа што мојата баба Ризова Трајанка и нејзината бригада „Добри Даскалов“ пет години крвареа. Поради Коста Солев Рацин, Македонија е поради Јордан Пиперката, Даме Груев и Карев. Република Македонија е затоа што нејзината иднина лежи на нејзината историја. А, без историја нема иднина. Реалноста денес е дека парламентарното мнозинство ја заборави историјата, барајќи иднина. Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија!“.

Коронавирус