вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 113
home Вести

Граѓаните во никогаш поголем ризик: Владата со полицискиот час направи хаос, народот изреволтиран!

Граѓаните во никогаш поголем ризик: Владата со полицискиот час направи хаос, народот изреволтиран!

Турканици пред маркетите, редици пред аптеките. Граѓаните никогаш не биле во поголем ризик откако доцна вчера Владата информираше за полицискиот час.

Граѓаните се изреволтирани што цело Скопје е затворено за Задушница, повеќе денови, а за тоа доцна дознаа.

Денес, огромен број од нив излегоа во продавниците да си испазарат нешто за себе и своите семејства бидејќи неколку дена мора да останат дома! Оваа одлука на Владата беше целосно непотребна, неодговорна и дрска.

Редиците граѓани кои чекаат ред во продавниците и гужвите внатре се поголем ризик од опцијата дел од нив да си отидат на гробишта, на отворено, да запалат свеќа за блиските починати.

Освен што паниката се зголеми, а револтот без престан расте, оваа владина одлука е чиста нелогичност.

Еве зошто:

Од денес од 21:00 часот до понеделник до 5:00 часот наутро, се ограничува движењето на граѓаните на сите општини од град Скопје. Мерките за ограничено движење за време на претстојниот продолжен викенд во Скопје,

На вчерашната прес конференција министерот за здравство Филипче истакна дека не станува збор само за една единствена мерка, туку надополнување на многу специфични мерки кои се имплементираат во општините, а согласно податоците кои се добиваат од епидемиолошките анкети.

Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето, при што од денеска од 21 часот до понеделник 5 часот наутро ќе има целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, како и општина Карбинци.

Во сите други градови полицискиот час ќе трае од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. Во петок, сабота и во недела полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Која е логиката да бидат затворени Скопје, Тетово и Куманово, а да бидат затворени Гостивар, Велес и Крива Паланка?

Владата прогласи полициски час за да ги “заштити“ граѓаните, а денешните турканици се поголем ризик за зараза од било што.

Да, Владата секако треба да превземе низа мерки затоа што работите излегоа од контрола со коронавирус, но тоа не е затворање на граѓаните дома, туку системски мерки за заштита на здравјето. Наместо тоа здравството колабира, Македонија е во црни денови, граѓаните дома под клуч, пола СДСМ во карантин, а Заев, Филипче и Спасовски планираат брзи корона-избори!