понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 52
home Вести

Граѓаните тонат во сиромаштија, а власта со поскапата струја им ја одзема и последната корка леб

Граѓаните тонат во сиромаштија, а власта со поскапата струја им ја одзема и последната корка леб

Македонските граѓани тонат во сиромаштија, а безидејноста на власта ги носи кон пропаст и раб на преживување. Државниот завод за статистика потврди дека речиси половина милион граѓани во Македонија живеат во многу тешки услови.

Имено, според ДЗС, 455.600 се сиромашни, додека пострашен е податокот дека сиромашно е секое четврто четиричлено семејство, кое се зема за просек во земјава. Тоа ни покажува дека двајца родители на своите две деца не можат да им ги обезбедат ни основните услови за живот, а камо ли да ги покријат останатите трошоци во својот дом. За да биде ситуацијата уште полоша, говори и фактот дека според трговијата на мало во со храна и пијалоци, за само една година има реален пад од 5,3% што значи дека сиромаштијата си го прави своето и се повеќе граѓани не можат да си купат храна и да се прехранат на дневна основа.

И додека граѓаните едвај преживуваат и не можат да си дозволат по еден оброк на ден, владата предводена од СДСМ ја прави нивната ситуацијата уште полоша. Наместо да создава услови за подобар живот, владата им го прави уште поскап животот на граѓаните.

Поскапувањето на електричната енергија е последниот удар кој заедно со корона кризата, ги доведува македонските граѓани буквално на питачки стап. Покрај тоа што самата зголемена цена на електричната енергија особено во зимскиот период ќе значи дополнителен трошок, истата предизвикува и домино ефект на покачување на сите останати основни трошоци кои ги имаат граѓаните.

Бидејќи ова поскапување дојде како гром од небо без никаква најава, предизвика економски шок за бизнис секторот, а уште поголем шок за граѓаните. За да ги покрие зголемените трошоци бизнис секторот почна да ги зголемува цените, а со тоа да станаа пак поголеми трошоците за живот на секој еден жител во државава, а тоа го потврди и Државниот завод за статистика кој забележа пораст на цените на мало и трошоците за живот.

Во услови на криза и кога десетици илјади граѓани останаа без работа, а уште стотици со намалени приходи, власта со покачената цена на струјата предизвика голема неизвесност и огромен удар по животниот стандард на македонските граѓани.

Додека поскапата цена на електричната енергија го јаде стандардот на граѓаните кои треба да издвојат од корката леб за преживување за да ги платат сметките, власта и првиот човек на регулаторна Бислимовски убедуваат дека ова поскапување е неопходно и не влијае на стандардот.

Коронавирус