петок, 25. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните со „Златна малинка“ за Оливер Спасовски во „30 прашања со…“, издржете и изгледајте

Првичните реакции на јавноста и на граѓаните на социјалните мрежи покажуваат дека некој сериозно ја утнал работата со пи-арот на Спасовски. Коментарите се контра од очекуваното, а оценките за техничкото решение на СДСМ одат од „Заспав на третото прашање“, преку „Мила беше подобра“, „Наградно прашање од 500 евра (просечна плата), што има во папките?“, „Глупости, ко ријалити шоу“, па  се до „Златна малинка за Спасовски, дефинитивно“.
Граѓаните со „Златна малинка“ за Оливер Спасовски во „30 прашања со…“, издржете и изгледајте

Владиниот и социјалдемократски пи-ар тим објави видео со Оливер Спасовски во кое тој одговара на 30 прашања, сето снимено во еден кадар, тренди шема украдена од „Vogue“.

Истата шема претходно, за внесување на смут кај јавноста ја имаше со Мила Царовска, која реално кажано, одговори многу подобро од нејзиниот тогаш само противник за позицијата технички премиер Спасовски. И ако тогаш, целта на спинот на СДСМ беше да ја отргне јавноста од изборот на Спасовски за технички премиер, претставувајќи ја Царовска како таква, „апсолутно“ спремна за позицијата, сега целта е да се подобри имиџот и позитивно да се презентира новиот технички шеф на владата во следните три месеци до изборите на 12. април.

Сепак, првичните реакции на јавноста и на граѓаните на социјалните мрежи покажуваат дека некој сериозно ја утнал работата со пи-арот на Спасовски. Коментарите се контра од очекуваното, а оценките за техничкото решение на СДСМ одат од „Заспав на третото прашање“, преку „Мила беше подобра“, „Наградно прашање од 500 евра (просечна плата), што има во папките?“, „Глупости, ко ријалити шоу“, па  се до „Златна малинка за Спасовски, дефинитивно“.

Во продолжение ви го пренесуваме линкот од шоуто со Спасовски. Издржете и изгледајте го…

Најнови вести

Коронавирус