среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 176
home Вести

Граѓаните со недели чекаат лични карти, од МВР велат првите испораки почнуваат во понеделник

Граѓаните со недели чекаат лични карти, од МВР велат првите испораки почнуваат во понеделник

Граѓаните што се сликале за лична карта пред Нова година сè уште чекаат за да ги подигнат своите документи. Остри реакции имаше на социјалните мрежи, каде граѓаните прашуваа па 21 век ли е ова?

Дечко, не ти е готова личната карта, нема ни да ти биде во догледно време. Нема пластики! Има дадено тендер, ама кога ќе се набават пластики, не знаеме, споделува корисник за неговиот разговор со службеникот.

Во реакцијата се додава дека веројатно сличен проблем има и со возачките дозволи, бидејќи и тие се од пластика.

Сите знаеме дека без лична карта не можеш да мрднеш никаде, секаде ти ја бараат за идентификација. Еве, има луѓе што не поседуваат патна исправа. Што ќе прават тие? Како ќе извадат пари од банка, како ќе поминат секаде каде е потребна лична идентификација…, прашуваа граѓаните.

Од Министерството за внатрешни работи за „Република“ потврдија дека процесот на издавање на сите лични документи се одвива забавено, но дека тендерот е склучен, а од 20 јануари, понеделник се очекува првата нова пратка.

Постапката за набавка и испорака на постојни видови на обрасци за лични документи (патни исправи, лични карти, возачки дозволи, службен пасош, дипломатски пасош, пасош за странец, дозвола за привремен престој, дозвола за постојан престој) и набавка и испорака на нови видови на обрасци за лични документи погоренаведени за период од 01.01.2020 до 31.12.2021 година (со имплементирање на измените предвидени во Законот за употреба на јазиците и Уставните измени) е завршена, велат од МВР за „Република“.

Додаваат дека согласно спроведената постапка склучена е Рамковната спогодба на 5 декември 2019, како и Договор нарачка на 11 декември 2019 склучен помеѓу МВР и Veridos GmBH Berlin – Германија за испорака на обрасци за лични документи.

Конкретно за испораката на лични карти прва испорака е во понеделник на 20.01.2020 а потоа следат континуирани испораки од сите обрасци на лични документи. Од овие причини во периодов издавањето на лични документи се одвива со забавено темпо но согласно Законот за лични карти и подзаконските прописи и по секое поднесено барање се постапува согласно законот, велат од МВР.

ИЗВОР: РЕПУБЛИКА.МК

Коронавирус