недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 77
home Вести

Граѓаните сметаат дека Заев, Филипче и менаџментот на тетовската болница ја попречуваат истрагата за големата трагедија во Тетово

Граѓаните сметаат дека Заев, Филипче и менаџментот на тетовската болница ја попречуваат истрагата за големата трагедија во Тетово

„Кој ја попречува истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово“?

Ова е едно од прашањата поставени на анкетата  која ја направи “Организацијата за граѓански активизам и независност”.

Најголем дел од граѓаните (41.8%) сметаат дека истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово ја попречува Владата, конкретно премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

Дека истрагата ја попречува менаџментот на тетовската болница е мислење на 20,5% од граѓаните кои одговарале на анкетата.

„Основното јавно обвинителство ја попречува истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово“ – ова е став на 17,7% од граѓаните.

Дека никој не ја попречува истрагата сметаат 10,8% од испитаниците.

Локални избори 2021