среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 5
home Вести

„Граѓаните се иселуваат, немаат пари и не знаат што да прават, затоа што парите завршуваат кај криминалците во Луј Витон ташни“

„Граѓаните се иселуваат, немаат пари и не знаат што да прават, затоа што парите завршуваат кај криминалците во Луј Витон ташни“

Граѓаните се иселуваат, немаат пари и не знаат што да прават, затоа што парите наместо кај граѓаните завршија кај криминалците во Луј Витон ташни. Наместо за граѓаните СДСМ работи за криминалците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ ги манипулира граѓаните. Наместо празни бројки соопштени од прес конференција, власта треба да ја погледне реалноста, а таа не е розева како што СДСМ  тоа сака да го претстави. Доколку економијата беше на прав пат, немаше полни автобуси со млади луѓе секојдневно да ја напуштаат Македонија. Економијата е на стаклени нозе. Прометот во индустријата е паднат за 6.6%, а бројот на работници во истата е намален за 2.5%, стои во реакцијата и се додава:

„Земјоделието е разнишено. Земјоделците во скинати патики одат за да запечалат некој денар, а ветениот откуп и високи цени никаде ги нема. Кога си ги бараат правата министерот им доаѓа во брендирана гардероба и наместо решенија на нивните проблеми се расправа со нив. Болниците се во лоша состојба. Студентите живеат во руинирани услови. Фирмите работат под притисок. Граѓаните се шиканирани од власта. СДСМ си заминува и Заев и Костадинов тоа го знаат. Попусти се сите бледи прес конференции на исплашените ликови“.